Изложба „Денови на македонска фотографија“
НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид во соработка со„Фото сојуз на Македонија“ Ве покануваат на ИЗЛОЖБА. „Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, таа претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р. Македонија. Оваа година, по пет години повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде на 29- ти мај сабота во НУ центар за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон. Изложбата ќе трае до 10 -ти јуни 2021 година. Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.
Напишете коментар