Изложба ” Блиски Средби” Охрид 2022
Сите вљубеници на добрата фотографија Фото клуб Охрид ги поканува на изложбата ” Блиски Средби” Охрид 2022 чие отворање е закажано на 30.06.2022 год. во 19.00 часот во галеријата при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид.
Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 х 70 см. Повелете на отварањето.
Напишете коментар