Документарен филм “Чистилиште на душата”
Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид по повод верскиот празник Богојавление-Водици, својот филмски репертоар во 2021 година го започнува со документарниот филм “Чистилиште на душата”. Режијата и сценариото на филмот е на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е снимен во 2010 година и истата година беше премиерно прикажан. Ги покануваме сите љубители на филмот да присуствуаат на проекцијата која ќe се прикажува на 18.01.2021 година (понеделник) со почеток во 18:00 часот во големата сала на НУЦК “Григор Прличев”-Охрид. НУЦК “Григор Прличев”-Охрид ги обезбедува сите потребни протоколи за заштита од Ковид 19. Влезот е слободен!
Напишете коментар