Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Повторно Стендап Шоу РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

На барање на публиката повторно РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ -стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.
РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.
Билети само со резервација на: 075 283 066, цена на карта 200 денари, САБОТА, 03.04.2021 година, влез на публика од 18:30 часот, почеток 19.00 часот!
!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура “Григор Прличев“ - Охрид.
Share/Save/Bookmark