Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Претстава “Сопружници” режија Драгана Таневска

Претставата “Сопружници” во режија на Драгана Таневска поради зголемениот интерес повторно на РЕПЕРТОАРОТ во месец март ќе биде изведена во ПЕТОК (05.03.2021) и САБОТА (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена на карта 200 денари. СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (02.03.2021) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!


Share/Save/Bookmark