Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Изложба "1000 години Бигорски Манастир"

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Ансамбл Македонија Ве покануват на изложба по наслов "1000 години Бигорски Манастир"
поставена од страна на Ансамбл Македонија.

Во соработка со Бигорски манастир, Ансамбл Македонија подготви изложба со двадесеттина најдрагоцени икони од Бигорскиот манастир, по повод прославување на 1000 години постоење на Бигорски манастир.
На изложбата ќе бидат прикажани 8 Олтарни икони,
2 Чудотворни икони, 2 Тронски икони (Владички и Игуменски Трон), 3 икони од 16 от век, 1 капак од Кивот од Светите Мошти, 1 Плаштеница и 2 Фрескоикони.
Иконите ќе бидат прикажани во нивната отигинална големина.Изложбата се состои од реплики на икони, фрески и плаштеница.

Изложбата ќе биде отворена во среда, 19.08.2020 година со почеток во 19:00 часот во ГАЛЕРИЈАТА на Центарот за култура Охрид. ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
Share/Save/Bookmark