Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

„Исцелител“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври

Еден од најуспешните македонски играни филмови „Исцелител“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври во 20.00 часот, влез 100 денари.

„Исцелител“ од својата премиера досега, се прикажуваше на 60 светски филмски фестивали. Филмот освои 19 меѓународни награди, меѓу кои 8 беа за најдобар филм. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Франција, на фестивалот Let’s CEE во Виена и други.

„Исцелител“ беше прикажан на неколку филмски фестивали во САД, во Индија, на најголемиот фестивал во Иран, на двата најголеми фестивали во Кина, на фестивал во Колумбија, на престижниот „Црни ноќи“ во Естонија и на многу други европски филмски фестивали.

Во Македонија „Исцелител“ беше прикажан во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Кичево, Прилеп, Штип, Велес, Богданци, Гевгелија, Неготино, Крушево, Св.Николе, Гостивар, Крива Паланка, Виница, Охрид, Струга, Дојран и Пробиштип а во Скопје се одржа и проекција на отворено во Градскиот парк која имаше повеќе од 9000 посетители. Филмот имаше кино дистрибуција и низ Италија во повеќе од 30 градови како и дистрибуција низ неколку града во САД.

За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.

Филмот беше достапен на престижниот канал ХБО и на Синемаворлд Азија, а преку услугата „видео на барање“ беше достапен и во Австралија.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

Share/Save/Bookmark