Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

„Зимска бајка“ - сабота 23.12.2017

Најдоброто од Охрид доаѓа пред новогодишните празници. Новата „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најдобриот хумор, оваа година во супер ѕвездено „пакување“.

На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 23-ти декември, сабота, со почеток во 19 часот, публиката на најочекуваниот настан во Охрид ќе може да го види новото шоу на "Two mothers brothers" на фантастичните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои специјално за оваа прилика подготвувија нов материјал, стендап комичарот Сашко Коцев, Ѓоко Танески и неговиот бенд во акустична верзија, како и бендот на Зимската бајка на Емилија Маринова - вокал и пијано, Драган Василески -Пајо (Камелеон) - вокал, Горан Папаз - саксофон, Филип Стојковски Зизи - тапани, Јане Тодороски - бас и Роберт Милески - гитара. Настанот оваа година е дел од манифестацијата „ОД 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ што градот Охрид ја подготвува за претстојните новогодишни и божикни празници во насока на збогатување на туристичката понуда.

Културно - забавниот спектакл на годината традиционално ќе биде разубавен со бајковит амбиент, надополнет со визуелни ефекти и беспрекорен звук на „Labino Sound“. Влезниците за „Зимска бајка 2017“ во ограничен број во продажба ќе бидат пуштени во вторник, 19-ти декември, во „Топ Маркет“ градски плоштад, чаршија и кај чинарот, и мјузик шоп „Зи Зи Топ“ по цена од 300 денари. И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со вината на Далвина и Горска вода. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 283 066 во периодот од 11 до 15 часот. Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“! Одбројувањето започна!

Share/Save/Bookmark