Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

"БААЛ"- Бертолт Брехт, режија Андреј Цветановски

Играат: Горан Стојаноски
Никола Тодороски
Јасмина Билаловиќ
Адријана Билаловиќ Тодороска
Дамјан Цветановски
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Тони Денковски

Сценографија: Сергеј Светозарев
Костими: Милена Пантелеева
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Милчо Александров
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Асистент на режија: Ѓорѓи Ризески

Претпремиера: понеделник 4-ти декември во 20:00 часот. Премиера: вторник, 5-ти декември во 20:00 часот. Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера.

Претставата БААЛ е во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече: „Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Пријатели на театарот: КЕНТЕРС, ХОТЕЛ НОВА РИВИЕРА, ЕВРО ЏИНС, КАРМЕН БАУЦЕНТАР

Share/Save/Bookmark