Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ПОЛИЦАЈЦИ

Почитувани, Народен Театар Охрид Ве поканува на Предпремиера (Петок 20.Април) и Премиера (Сабота 21.Април) на претставата ПОЛИЦАЈЦИ од Славомир Мрожек (Полска) во режија на Андреј Цветановски.

Играат:
Шеф на Полиција – Никола Тодороски
Наредникот – Валентин Костадиновски
Затвореникот – Стрезо Стаматовски
Генералот – Ивица Цонев
Жената на наредникот – Адријана Билаловиќ
Регентот – Горан Стојаноски
Полицајци – Никола Ристески
Игор Георгиоски
Владимир Ристески
Катерина Петреска

Режија и адаптација – Андреј Цветановски
Сценограф – Владо Ѓорески – Рафик
Костимограф – Кристина Мукоска Затуроска
Избор на Музика – Стрезо Стаматовски
Игор Георгиев
Изведба на сценографија – Предраг Јовановиќ – Бато
Тон – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Зоран Левески

ПОЛИЦАЈЦИ
Приказна за објективитетот како состојба на умот. Драма за искоренување на субјективизмот и човечките вредности. За создавање на едноумие кое носи кон утопијата за совршен свет. За создавање совршен систем на сметка на хуманото во човештвото. Но дали го сакаме тоа? Дали субјективноста треба да се искорени? Дали треба да го уништиме човекот во нас за да создадеме совршен свет? Дали може објективно да се оцени вистината за одреден случај? Зарем не е јасно колку вистината е субјективна?

Режисер,
Андреј Цветановски

Должност на уметникот е да ја говори вистината, дури и ако таа не е најприфатлива во одреден момент, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетичка. Не можат да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мораме да живееме во реалноста и да ја направиме подобра. Не смееме да сме кукавици.

Раководител на театарот,
Горан Стојаноски

Картите по цена од 100 денари (предпремиера) и 150 денари (премиера)


Share/Save/Bookmark