Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Театарска претстава РАЗВЕДИ МЕ / ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА

Гостување на Театар Провокација од Скопје со театарската претстава РАЗВЕДИ МЕ / ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА, РЕЖИЈА: Роберт Ристов во САБОТА, 19.03.2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на карта 200 ден. ГОЛЕМА САЛА!

Претставите, ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ, се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО со наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата. Времетраење: 75 мин. Жанр: Романтична комедија.

Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

 

Share/Save/Bookmark