Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Mакедонски филмски класици! ВРЕМЕ Е ЗА КИНО!

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Ве покануваат на македонски филмски класици:

-ЏИПСИ МЕЏИК / ЧЕТВРТОК,  02 мај 2019 г / почеток 18.00 ч / влез  слободен
Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: мелодрама
Род: Игран филм
Времетраење: 135 минути
Звук: Да
Во боја: во боја
Година: 1997
Режија: Попов Стојан - Столе
Сценарио: Блажевски Владимир
Директор на фотографија: Трпески Апостол
Монтажа: Грбевски Димитар
Главна улога: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина, Манојловиќ Предраг - Мики,Бајрам Северџан, Трпкова Синоличка, Михајловски Тони, Јачев Владимир, Хасан Џемаил..

-СРЕЌНА НОВА  49 / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток  20.00 ч / влез слободен
Година 1986 / Траење: 125 минути
Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.
Режија: Столе Попов
Сценарио: Гордан Михиќ
Музика: Љупчо Константинов
Улоги:  Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други
Награди:
- Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,
- Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула
- Нагрдада " Милтон Манаки" од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула
- "Златен гладијатор", награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш
- Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања
- Југословенски кандидат за Оскар 1986
-  13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ
и други..

-ТЕТОВИРАЊЕ / САБОТА, 04 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен
Година: 1991  / Траење: 128 минути
Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот - комунистичкиот режим во распад - по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.
Режија: Столе Попов
Сценарио:  Мирко Ковач
Музика: Љупчо Константинов
Улоги:  Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др...
Награди:
- Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови
- Прва награда " Златна мимоза" за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш
- Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ "Милтон Манаки" Битола
и други...

Share/Save/Bookmark
 

Аналфабет - петок 03.05.2019

На репертоарот во Центарот за култура ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Share/Save/Bookmark
   

„Каде е пиштолот?“ петок 26.04.2019 година

„Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Габор Ѓоргеј (Görgey Gábor)
Унгарски писател, драматург, режисер. Помеѓу 2002-2003 бил Министер за култура на Унгарија. Бил уредник на бројни литературни списанија во Унгарија, член е на Унгарскиот ПЕН клуб. Бил главен драматург во Националниот унгарски театар, резидент во Мадаш Театар, како и на Панониа филм студио. Автор е на преку 30 литературни дела (драма, поезија, новели) а со пиесата “Каде е пиштолот?” добива меѓународно реноме, а пиесата се игра на многу меѓународни сцени, меѓу кои и САД. Добитник е на бројни литературни награди.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

"Метод" од Жорди Галсеран - петок 19.04.2019 година

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот "Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режија: Ирена Стеријовска
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса - Ирена Стеријовска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

“Алиса во земјата на чудата” - детска претстава

НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид / Народен театар Охрид премиерно е прикажува детската театарска претстава “Алиса во земјата на чудата” од англискиот писател Луис Карол (организирано по школи). Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески, а во неа играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов и Филип Кипровски.

Детската театарска претстава “Алиса во земјата на чудата” во следниот период за кој ќе добиете информација, ќе биде прикажана на редовниот репертоар.
Share/Save/Bookmark
   

Страница 2 од 80

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>