Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ИМПРОВОКАЦИЈА С05Е03 во знакот на хуманоста

Драги наши, Импровокаторите се приклучуваат кон серијата хуманитарни настани, со цел да се обезбедат сретства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.
Картите за претставата во сабота (27.10.18 - 20:00 часот) можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, по цена од 200 денари. #ЗаСара

Share/Save/Bookmark
 

Do You Have A Suitable Partner- перформанс на Марија Христовска

Архитектот Марија Христовска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираат дел од уметничката инсталација со која учествуваа на музичкиот фестивал Сигет 2017 на Центарот за култура Григор Прличев, Охрид. По тој повод ќе има настан на кој Марија ќе се претстави со свој перформанс, а Ѓорѓе со изложба на слики.
Перформансот Do you have a suitable partner го става на тест партнерството прашувајќи дали на вашиот партнер навистина му одговара вашето заедничко одело.

Инспирација за перформансот:
Ги паметам зборовите на мојот многу почитуван професор архитектот Живко Попоски, автор на овој Центар на културата:
"Викаат: ова е нашата прва кожа, облеката е нашата втора кожа, а архитектурата е нашата трета кожа. Е сега, постои куќа за двајца. Зошто да не постои одело за двајца!"

Костими и кореографија: Марија Христовска.

Настапуваат:
Адам и Ева: Александар Буџакоски и Нина Ѓоршеска
Змија: Мила Коруновска и Марија Христовска
Медијатори: Ивана Вујановиќ и Михаил Талев
влез слободен (галерија), петок 26.10.2018 г. во 20.00 часот

Share/Save/Bookmark
   

Предавање за МЕДИТАЦИЈА

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
во соработка со Шри Чинмој Центар за медитација

Ве поканува на предавање за МЕДИТАЦИЈА
Четврток 25.10.2018 г. почеток 19.30 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.

Share/Save/Bookmark
   

„СТРИП БРАН-СТРИП НАСЕКАДЕ“

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Ве поканува на отворање на изложба под наслов „СТРИП БРАН-СТРИП НАСЕКАДЕ“ од Томе Трајков
Среда 24.10.2018 г. почеток 19.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.

Проектот е во склоп на програмата „НОВ КУЛТУРЕН БРАН" на Министерството за култура на Р.Македонија.

Share/Save/Bookmark
   

„Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс

20 ОКТОМВРИ 2018 (сабота) - 20:00 часот, влез: 200 денари.

„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
-Софија Ристевска Петрушева
Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 9 од 73

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>