Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Премиерa на филмот "СОБА СО ПИЈАНО"

Играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи и продукција на Скопје Филм Студио, својата премиера во Охрид на наше големо задоволство ќе ја има во ПЕТОК 4-ти октомври 2013 година, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари, кино проекции секој ден до петок 11-ти октомври 2013 година

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се.

Во филмот игра домашна и меѓународна група на актери: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви и Јана Стојановска. Специјални гости се: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.

Сценариото за филмот го напиша Жанина Мирчевска во соработка со Игор Иванов, а дел од авторската екипа се и Томи Салковски – продуцент и кинематографер, Чили Гонзалес – автор на музика, Владимир Павловски-монтажа, Миленко Јеремиќ-сценографија, Елена Дончева-костимограф и Ана Булајиќ Црчек-шминка.

Share/Save/Bookmark
 

Охридски староградски средби 2013

НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ - ОХРИД

25. ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2013, САБОТА 28-ми СЕПТЕМВРИ

19:00 ДЕФИЛЕ на ансамблите низ старата чаршија

и настап на две локации:

Градски плоштад и Стар чинар

20:00 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

говор: Директорот на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” - Охрид, м-р Драгана Боцеска

НАСТАП НА УЧЕСНИЦИТЕ

- ХОРОТ при Центарот за култура Охрид

- ГРАДСКИ ТАМБУРАШКИ ОРКЕСТАР - Штип

- ОКТЕТ ПРИЛЕП - НУ Центар за култура Прилеп

- РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ - Гевгелија

- КРИВА ПАЛАНКА - Дом на култура Крива Паланка

- РАСПЕАНИ ОХРИЃАНКИ - Охрид

- ГРАДСКИ ХОР - Штип

Место : ГОЛЕМА САЛА, НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”Охрид

Организирањето на манифестацијата е овозможена од Министерството за култура на Република Македонија

Share/Save/Bookmark
   

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2013

Почитувани,
Последната, шеста фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена “Долни Сарај” ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид, со почеток во 21.00 часот.

11 јули (четврток)
-Ансамбл ЗОРА од Мохач, Унгарија
-Ансамбл “ КУРПИАНКА” од Кадзидло, Полска
-Ансамбл “НИКОЛА ЈАНКОВ ВАПЦАРОВ“од Скопје, Македонија

Со почит,
НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид

Share/Save/Bookmark
   

ФРАНЦУСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Од 28-ми до 30-ти овој месец, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се оддржи француски филмски фестивал

Share/Save/Bookmark
   

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2013 програма

Share/Save/Bookmark
   

Страница 72 од 76

<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 Следно > Крај >>