Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Претстава „Жени на власт“

Претставата „Жени на власт“ е најновата урнебесна комедија на Театарот „Солза и смеа“, во режија на Александар Димитровски, по текст на Стеван Л. Костов. Претставата која ќе ја прошета Македонија, а и светот е интересна приказна каде Господ им ја зема силата на мажите и им ја дава на жените, за сите неправди кои мажите им ги правеле. Со тоа улогите се менуваат и мажите се оние кои се понежен пол, а и се задолжени за сите обврски во домот, готвење и чистење, додека жените одат во општина и се задолжени за власта. Оваа интересна приказна завршува со уште поинтересен крај, кој, се разбира ќе го дознаете ако ја погледнете.
Во претставата играат: Александар Димитровски, Никола Тргачевски, Марјанчо Ѓоргиевски, Валентина Кожовска, Катерина Петровска и Димитар Михајловски. Турнејата започна во Ресен, потоа следуваше премиерата во Битола, а следни градови во рутата се Кочани, Демир Хисар, Кавадарци, Мак. Брод, Скопје, Прилеп, Тетово. Во Охрид ќе се гостува на 17 Октомври во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 ч. Цена на влезниците: 120 ден. а ќе може да се купат на денот на претставата 2-3 часа пред почетокот на истата.

 

Share/Save/Bookmark
 

ИЗЛОЖБАТА

НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА "ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД

ВЕ ПОКАНУВА на ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА НА:
"МАСЛА СКУПЛТУРИ И ЦРТЕЖИ"
од авторот Томе Бундовски од Скопје

Петок, 9-ти Октомври 2015 година
19.00 часот / галерија на Центарот

Share/Save/Bookmark
   

"ПИМ и ПОМ" големата авантура

На кино репертоарот анимираниот филм наменет за најмладите "ПИМ и ПОМ"- синхронизиран на македоски јазик,
во деновите 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври 2015 година.

Пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и  ПОМ ќе се стави на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот дома.
Оригинален наслов: Пим и ПОМ / Het Grote Avontuur
Година: 2014
Жанр: анимација
Режија: Глорија Смит
Времетраење : 70мин

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид,
Почеток 18.00 часот / влез 100 денари.

Share/Save/Bookmark
   

“Детектор за лаги” - повторно на репертоар

Хит претставата "Детектор за лаги" од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов, повторно на репертоар на 06.10.2015 (вторник). Билетите за истата се пуштени во продажба !!!

Share/Save/Bookmark
   

ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид,
во соработка со Амбасадата на СР Германија
Ве покануваат на ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ

Свечено отворање на фестивалот е во САБОТА 10-ти октомври 2015 со филмот „Роден во болка“-криминален филм, со почеток во 20,00 часот, потоа следат:
-Феникс - драма / 11.10.2015 / 20.00 ч
-Хакери - трилер / 12.10.2015 / 20.00 ч
-Лола на грашокот - детски филм 13.10.2015 / 11.00 ч
-Спасете го Рафи - детски филм 13.10.2015 / 13.00 ч
-300 Збора Германски - комедија 13.10.2015 / 20.00 ч

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

Share/Save/Bookmark
   

Страница 61 од 70

<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>