Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2020 ГОДИНА

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува:

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА
”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2020 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 9-ти ноември 2020 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.  
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2020 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.   

За дополнителни информации:
Тел. 046/ 261 - 063
Е-адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Директор,Горан Симоноски

Share/Save/Bookmark
 

Стендап Шоу РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид

Најновото стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.
Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.

Картите по цена од 250 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

Share/Save/Bookmark
   

„Врба“ повторно на кино репертоарот

Филмот „Врба“ повторно на кино репертоарот во Центарот за култура Охрид, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА.

КИНО ПРОЕКЦИИ ВО ДЕНОВИТЕ 7-МИ (СРЕДА), 8-МИ (ЧЕТВРТОК) И 9-ТИ (ПЕТОК) ОКТОМВРИ 2020 г. почеток 20.00 часот, цена на карта 150 денари.
Картите ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид во понеделник (05.10.2020), ограничен број на карти согласно здравствените протоколи. Телефон за резервации 046/261-063.

„Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.
По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.

Главните улоги ги толкуваат младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Фотографија на НУ Центар за култура

 

Share/Save/Bookmark
   

32. ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2020

18-ти СЕПТЕМВРИ  (ПЕТОК) 2020
ПРОГРАМА:
– ГРАДСКИ ХОР – ВОКС ЛИХНИДОС – ОХРИД
1. ЕЛЕНО ЌЕРКО
2. ОЈ ТИ МОМЕ ОХРИЃАНЧЕ
– КУД – ПЕРЕ ТОШЕВ – ПРИЛЕП
1.ПРОМЕНИСЕ СУТЕ
2.ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКАТИ
3.НЕМАМ МИЛО НЕМАМ ДРАГО
– ЗГ  ГРАДСКИ ХОР 2019 – ШТИП
1. МОРЕ СОКОЛ ПИЕ ВОДА НА ВАРДАРОТ
2. КАКВА ПЕСНА ДА ЗАПЕАМ
3. ТРЕНДАФИЛЧЕТО КАРАНФИЛЧЕТО
– КУД НИКОЛА БАДЕВ – КАВАДАРЦИ
1. ТРГНАЛО МОМЕ
2. ПОМОРЕ СЕ СКИТАМ
3. ОЈ ТИ МОМЕ ЛУДО ЛИ СИ
– ТАМБУРАШКИ ОРКЕСТАР СЕРЕНАДА – ТЕТОВО
1. ТЕТОВО
2. СРЦЕ МЕ БОЛИ ЗА ТРПАНА
3. БЛАГУНО ДЕЈЧЕ – СО СПЛЕТ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ
– КУД  ИЛИНДЕН – СТРУГА
1. ИЗЛЕГЛА ЕВДА НИЗ ЧАРШИЈА
2. НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
3. БОЛНО ЛЕЖИ ВИТЕТО БЕЛЕВО
– РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ – ГЕВГЕЛИЈА
1. НЕ СЕ ФАЌАЈ ДОНЕ ДОНКЕ
2. БРАЛА МОМА КАПИНИ
3. ЦВЕТА МОМА УБАВА (КИТКА НАРОДНИ ПЕСНИ ОД ГЕВГЕЛИСКО)
– ФА  БИСЕРИ – ОХРИД
1. ИЗЛЕГУ ДА СЕ РАШЕТА
2. ДОЈДИ ДОЈДИ МАЛОЈ МОМЕ
3. ФАТИ СЕ БОЕ МОРИ НА ОРО
НАСТАНОТ   ГО   ОРГАНИЗИРА  НУ ЦЕНТАР   ЗА   КУЛТУРА   „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ -ОХРИД  НА  ОТВОРЕНО,   НА   СЦЕНАТА   ПРЕД   ВЛЕЗОТ  НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА.
(СОГЛАСНО   ПРОТОКОЛИТЕ   ЗА   ОРГАНИЗАЦИЈА   НА   ЈАВНИ   НАСТАНИ   ОБЈАВЕНИ   ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ВЛАДАТА НА  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ)

Место: НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид, пред платото, почеток 19.00 часот, ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Share/Save/Bookmark
   

Изложба „Неправилен ритам“

На 21 септември во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид во 20.00 ч. ќе се одржи патувачка изложба со наслов „Неправилен ритам“ на македонската уметница Билјана Билбилоска.Ќе бидат изложени слики во акрилна техника, работени во последните две години.

“Тематски, изложбата преку боите води дијалог со музиката. Преку аналогијата на овие две нешта, ги сместува боите и звуците во една иста рамка и на иста фреквенција. Музиката е надоврзување на сликите, своевидна екстензија, дел од просторот, иако временски несместлива во три просторни димензии. Ритамот како ликовен елемент варира од праволиниски и правилен до непостојан и непредвидлив, дисперзиран конкавно, со тенденција да ги надмине физичките рамки на платното и да ја продолжи својата приказна надвор“, вели авторката.

Таа дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Досега имала четири самостојни изложби, како и голем број групни претставувања во земјава, Србија, Турција, Романија, Полска и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 7 од 70

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>