Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ИМПРОВОКАЦИЈА - четврток 13.10.2016 година

ТЕАТАРСКА ИМПРОВИЗАЦИЈА ИМПРОВОКАЦИЈА!!!

Еден од најоригиналните проекти на комеди триото
Стрезо Стаматовски
Никола Тодороски
Филип Кипровски
+ да ван енд онли Филип Ангеличин Жура на „домаќинското“ столче ви приредуваат вистинско „подземно“(underground) освежување со ИМПРОВОКАЦИЈА

Претстава која се создава секогаш на лице место заедно со публиката. Секогаш јако секогаш различно секогаш премиера во која ВИЕ сте дирекни учесници. Кој бил знае кој не, сега е време за нови работи.

Четврток 13.10.2016 година
Сцена “ПОДСЦЕНА“- Народен Театар Охрид
Старт 21:00

Препорачана возраст за конзумирање +16

Карти во музичка продавница ЗиЗи Топ
ПреТпродажба:150денари
на ден на изведба: 200 денари

Share/Save/Bookmark
 

"ПИСМА ОД ЗЕМЈАТА" - среда 12.10.2016 година

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, "ПИСМА ОД ЗЕМЈАТА" - СРЕДА, 12.10.2016 година, почеток 20.00 часот БИЛЕТИ во ПРЕДПРОДАЖБА во музичка продавница ЗЗ ТОП, по цена од 150 ден, а на ден на претстава: 200 денари, и од 18.00 часот пред почеток на претставата во ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА по цена од 200 денари.Претставата е наменета за лица на возраст над 14 години!!!

"ПИСМА ОД ЗЕМЈАТА" е моно-спектакл или сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата. Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо. Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.
Share/Save/Bookmark
   

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2016 ГОДИНА

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) и член 10 став 1 алиниеа 1 од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (бр. 01-396/1) од 08. 06. 2015 година НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид распишува

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2016 ГОДИНА

Поаѓајќи од примарните цели и дејности на Установата - развој и поттикнување на литературното творештво, а по повод и во рамките на манифестацијата – проектот од национален интерес во областа на културата за 2017 година “Прличеви беседи”, утврден и финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, се распишува Конкурсот за избор на најдобра поема “Григор Прличев” за 2016 година. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.
Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 20-ти октомври 2016 година. Тематската содржина на поемата со којашто се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови.
За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во четири шифрирани примероци на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема ‘Григор Прличев’ за 2016 година.” Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 20-ти ноември 2016 година.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на:
Тел. 046/ 261 - 063

НУ Центар за Култура “Григор Прличев” – Охрид,
Директор, Горан Стојаноски
Share/Save/Bookmark
   

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2016

 

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ
ПРОГРАМА 2016

7 ЈУЛИ (Четврток)
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 55- ти БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА "ТАНЕЦ"

8 ЈУЛИ (Петок)
• Ансамбл "Александар Македонски" ИИИ Мелбурн - АВСТРАЛИЈА
• Ансамбл "Гоце Делчев", Битола - МАКЕДОНИЈА
• КУД "Дримкол", Вевчани - МАКЕДОНИЈA

9 ЈУЛИ (Сабота)
• Ансамбл од ТУРЦИЈА
• Ансамбл "Китка" Истибања - МАКЕДОНИЈА
• Ансамбл "Македонски Бисери" - АВСТРАЛИЈА

10 ЈУЛИ (Недела) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ
• Амсамбл "Пловдив" - БУГАРИЈА
• Ансамбл "Искра" - ЦРНА ГОРА
• КУД "Отексфолк", Охрид - МАКЕДОНИЈА

ПОЧЕТОК 21.00 часот, ВЛЕЗ СЛОБОДЕН
СЦЕНА "ДОЛНИ САРАЈ"

Share/Save/Bookmark
   

Театарска импровизација - „ИМПРОВОКАЦИЈА“

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа, затоа ПОВЕЛЕТЕ!

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид
ЧЕТВРТОК, 25.02.2016 година, почеток 20.00 часот
ПреТпродажба: 150 ден
На ден на изведба : 200 ден
Билетите за претставата во Music Shop ZZ-Top

Share/Save/Bookmark
   

Страница 54 од 54

<< Почеток < Пред 51 52 53 54 Следно > Крај >>