Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

„Каде е пиштолот?“ петок 26.04.2019 година

„Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Габор Ѓоргеј (Görgey Gábor)
Унгарски писател, драматург, режисер. Помеѓу 2002-2003 бил Министер за култура на Унгарија. Бил уредник на бројни литературни списанија во Унгарија, член е на Унгарскиот ПЕН клуб. Бил главен драматург во Националниот унгарски театар, резидент во Мадаш Театар, како и на Панониа филм студио. Автор е на преку 30 литературни дела (драма, поезија, новели) а со пиесата “Каде е пиштолот?” добива меѓународно реноме, а пиесата се игра на многу меѓународни сцени, меѓу кои и САД. Добитник е на бројни литературни награди.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.

Share/Save/Bookmark
 

"Метод" од Жорди Галсеран - петок 19.04.2019 година

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот "Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режија: Ирена Стеријовска
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса - Ирена Стеријовска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

“Алиса во земјата на чудата” - детска претстава

НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид / Народен театар Охрид премиерно е прикажува детската театарска претстава “Алиса во земјата на чудата” од англискиот писател Луис Карол (организирано по школи). Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески, а во неа играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов и Филип Кипровски.

Детската театарска претстава “Алиса во земјата на чудата” во следниот период за кој ќе добиете информација, ќе биде прикажана на редовниот репертоар.
Share/Save/Bookmark
   

„Стаклена менажерија“ -петок 12.04.2019 година

„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
-Софија Ристевска Петрушева.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Share/Save/Bookmark
   

„ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ, ПОСЛЕ ЌЕ МЕ…“ среда 10.04.2019 година

ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА од Скопје гостува во НУЦК "Григор Прличев" - Охрид со претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ ... “ среда 10.04.2019 година,  почеток 20.00 часот, влез 200 денари.

Во претставата играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ
Режија:Ѓорѓи Ризевски
Костими:Елена Лука
Сценографија:Роберт Ристов

Проектот  „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ ... “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на  „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ - Скопје  и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката.
Актерот Роберт Ристов, за улогата на Џота од „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ ја доби наградата  од меѓународното жири на НЕТА за најдобра машка улога на фестивал „Ристо Шишков“- Струмица.
ЗА  ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА:
- Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во оваа реално шоу „ОСАКАТЕНИ ДУШИ“ и двајцата со пододминат лимит на години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи.
...Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен е никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура...
...Таа - девојка која  заради својот биолошки часовник е во потрага на идеалниот сопруг и е нетрпелива да роди дете. Нејзина одлука е да се мажи вечерва, бидејќи има зацртано дека ќе се мажи до својата 35-та, а оваа вечер го слави токму тој, 35-ти роденден. Ваквите контра очекувања,  оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтно-комични ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.
Токму затоа, нашиот келнер, кој е и водител на оваа шоу, во секоја ваква ситуација се стрчува во публиката и бара помош од неа. На секоја изведба публиката, по пат на гласање ги избира сцените кои сака да ги погледне, и со тоа, самата таа избира накаде ќе се развива претставата.  Секој избор завршува со конфилтна ситуација која нуди нови три избори, по што публиката повторно гласа. Ова е принципот по кој се гради претстава и заради кој секоја  изведба е непредвидлива и за публиката и за актерите и е поразлична од претходната.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Share/Save/Bookmark
   

Страница 5 од 74

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>