Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 4 - сабота 07.04.2018

 

improvokacija_veligden_1_640x360
#ИМПРОВОКАЦИЈА на пали-коси!
Земаш под рака другарот, другарката, сопругот, сопругата, швалерката или водоводџијата и ги носиш на „смешки“ во „киноно“.
Задолжително носете вапцано јајце!
ИМПРОВОКАЦИЈА 4та СЕЗОНА!
НОВИ ИГРИ, НОВИ МОМЕНТИ, НОВА ПРЕТСТАВА

Картите во продажба од понеделник во Музичка Продавница Зизи Топ!
Цена 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.
Исто така, карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот
Share/Save/Bookmark
 

Аналфабет - вторник 27.03.2018

По повод светскиот ден на театарот во ВТОРНИК, 27.03.2018 на репертоаротќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 150 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид,
почеток 20.00 часот.
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Share/Save/Bookmark
   

Изложба: МОСКВА ДЕНЕС

ПОНЕДЕЛНИК, 26 Март 2018 година
18:00 часот
Изложба: МОСКВА ДЕНЕС
Место: Галерија
НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид

Share/Save/Bookmark
   

Автор на поемата „Клучевите“, добитник на престижната награда „Григор Прличев“, е доц. Д-р Гордана Стојаноска

Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на насоката за наставник за одделенска настава на Педагошки факултет - Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје во 2008 година. Докторирала на истата институција во 2012 година. Работи како доцент на Педагошки факултет - Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, на група социолошки предмети. Автор е на две поетски книги: „Збор за зборот“ во коавторство со Златко Жоглев и Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2014 год. и „Поема за маргините“ во коавторство со Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2015 год,
Автор е на над 50 колумни објавени во неделниот весник ЕГО,
Автор е на повеќе рецензии на поетски и прозни книги,
Добитник е на светската награда Nosside XXVIIth World Poetry Prize 2011, Калабрија,
Италија,
Добитник е на наградата „Владимир Костов“ за краток расказ 2014 (Универзитет „Св.
Климент Охридски),

Share/Save/Bookmark
   

Поемата „Клучевите“ добитник на награда Григор Прличев

Kомисијата од пристигнатите четиринаесет и’ беа доставени тринаесет ракописи кои ги исполнуваат формалните критериуми на распишаниот Конкурс. Во потесен избор беа разгледани три поеми: Клучевите (шифра: Таурус), Будењето на Крали Марко (шифра: Ѕевгар) и Ветровите од Запад (шифра: Носталгија). Поемата Клучевите меѓу трите вонредно успешни поеми беше избрана како најдобра со два гласа поради иновативниот тематски заграб, суптилноста во приодот кон темата на духовното будење и отворање кон светот, односно кон акцијата и ангажираноста во светот. Лириричноста на изразот ја надополнува неговата духовна зрелост и во процесот на одвивањето на поемата ја откриваме стаменоста на ова суптилно огласување и длабоката проживеаност на соопштеното духовно искуство. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Низ приказот на мачниот и трновит пат на духовното будење прикажана е алхемијата на душата којашто конечно во себе ја открива и вербата и доблеста вистински да се биде во светот и да се делува во него. Формалните обележја на поемата, метриката, врзаната строфа коишто претставуваат дополнителен предизвик и ги искушуваат можностите на поетскиот израз, а можат да прозвучат и традиционално денес, овде се умешно исползувани и реализирани како современ и актуелен поетски израз кој говорејќи за поединецот воедно проговорува и за заедницата во која што тој опстојува и за предизвиците што таа ги поставува пред него.
Share/Save/Bookmark
   

Страница 4 од 92

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>