Охридски староградски средби
Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.
Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" – Охрид.
Востановени во 1974 година, непрекинато постоеја до 1994 година, обновени се во 2008 година со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Со обновување на Фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли.
Се одржува последниот викенд од месец септември.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријатели на фестивалот.