Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

"Метод" од Жорди Галсеран - четврток 13.06.2019 година

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот "Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режија: Ирена Стеријовска
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса - Ирена Стеријовска.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Share/Save/Bookmark
 

БАЛКАНСКА 3а/2 од Дејан Дуковски / реприза

РЕПРИЗА петок 07.06.2019 година
почеток 20:00 часот, цена 200 денари

режија: Ана Батева
сценографија/костими: Борис Георгиев
музика: Стефан Здравески
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Share/Save/Bookmark
   

БАЛКАНСКА 3а/2 од Дејан Дуковски

ПРЕТПРЕМИЕРА недела 02.06.2019 година
почеток 20:00 часот, цена 200 денари

ПРЕМИЕРА понеделник 03.06.2019 година
почеток 20:00 часот, цена 250 денари

режија: Ана Батева
сценографија/костими: Борис Георгиев
музика: Стефан Здравески
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Share/Save/Bookmark
   

Аналфабет - четврток 23.05.2019

Одложената претстава "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески, на репертоарот ќе биде изведена на ден 23.05.2019 година (четврток). Претходно купените карти ќе важат!

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Share/Save/Bookmark
   

Фестивал на новиот Германски филм во Охрид

Редослед на кино проекции:
18.05.2019 во 20.00 часот свечено отворање со филмот -100 нешта (100 Dinge), комедија, 100 минути
19.05.2019 во 18.00 часот детски филм - Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseres Planeten), 86 минути
19.05.2019 во 20.00 часот фимот - Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem), драма, 118 минути
20.05.2019 во 18.00 часот детски филм - Тим Талер или Продадената смеа (Timm Thaler oder Das verkaufte Lachen), семеен/драма/авантура, 102 минути
20.05.2019 во 20.00 часот филмот - Во време на намалена светлина (In Zeiten des abnehmenden Lichts) драма/комедија, 101 минути
21.05.2019 во 18.00 часот детски филм - Помош, ги смалив моите родители (Hilfe, ich habe meine Eltern geschrumpft), семеен/комедија/авантура, 99 минути
21.05.2019 во 20.00 часот филмот Крајот на вистината (Das Ende der Wahrheit) трилер/драма, 105 минути

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Share/Save/Bookmark
   

Страница 11 од 76

<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>