Премиера на претстава "Сопружници" - Вуди Ален
НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид
ПРЕМИЕРА “Сопружници” – Вуди Ален,
Режија: Драгана Таневска
Директор, Горан Симоноски
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
Гардеробери - Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизитери - Соња Крстаноска, Маријана Николоска
Сценски декоратери – Кире Ангелоски, Горан Георгиески, Ѓоко Китоски, Даниел Андрески
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите. – Драгана Таневска
ПРЕМИЕРА, сабота 12.12.2020 година, почеток 18:00 часот.
Изложба на фотографии на Фото клубот Охрид
По повод патрониот празник на Охрид „Свети Климент Охридски“ во понеделник 07.12.2020 година со почеток во 18.00 часот во изложбениот салон на НУЦК „Григор Прличев“-Охрид ќе се отвори 22 традиционална изложба на фотографии на Фото клубот Охрид.
Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.
Документарен филм ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ
НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид Ве поканува на промоција на документарен филм ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ од авторот Љупчо Паункоски на ден 18.11.2020 година (среда) во 18.00 часот во големата сала на Центарот за култура, влезот е слободен! СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!
Премиера на филмот "ХОМО" во НУЦК Охрид
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти,12- ти и 13-ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.
Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.
Оригинален наслов: Хомо
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2020
Жанр: Драма
Глумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев
Режија: Игор Иванов - Изи
Дистрибутер: Скопје Филм Студио
Возрасна Категорија: +16
Оригинален наслов: Хомо
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2020
Жанр: Драма
Глумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев
Режија: Игор Иванов - Изи
Дистрибутер: Скопје Филм Студио
Возрасна Категорија: +16
Цена на карта 150 денари, почеток 19.00 часот
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!
„Ова е скопски филм, за нашата генерација и за времето во кое живееме. Проектот е копродукција на пет земји и посебен предизвик е неговата реализација, во која е вклучена голема меѓународна екипа, околу 70 актери и преку 450 статисти. За потенцирање е и возниот парк од 100 возила“, вели продуцентот Томи Салковски.Кинематограферка е Маја Радошевиќ од Србија, монтажата е на Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасески, а костимите на Полонца Валентичиќ од Словенија
ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД СТРАНСКИ АВТОРИ
НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид Ве поканува на ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД СТРАНСКИ АВТОРИ, по повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на градот Охрид
Селектор (куратор) на изложбата е познатиот охридски сликар Славко Упевче
Изложбата ќе биде отворена на 06.11.2020 година (петок) во 18.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура, влезот е слободен!!!
Повеќе Артикли...
Страница 2 од 70
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>