„Стаклена менажерија“ -петок 15.11.2019 година
Претставата „СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА”од ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС која е освои НАГРАДА НЕТА на фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков" во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт- повторно на репертоарот.
БАЛКАНСКА 3а/2 од Дејан Дуковски
Петок 08.11.2019 година, почеток 20:00 часот, цена 200 денари
Режија: Ана Батева
сценографија/костими: Борис Георгиев
музика: Стефан Здравески
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.
Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Филмот „Врба“ премиерно во Центарот за култура Охрид
„Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.
Датуми на прикажување:
Петок 01.11.2019. 20:00
Сабота 02.11.2019. 20:00
Недела 03.11.2019. 20:00
Понеделник 04.11.2019. 20:00
Вторник 05.11.2019. 20:00
Цена на влезниците: 150 денари.
По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.
Главните улоги ги толкуваат младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.
Снимањето на филмот е на разни локации низ Македонија меѓу кои се живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, Преспанскиот Регион и различни локации низ Скопје. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.
НЕДЕЛА НА БУГАРСКИ ТЕАТАР ВО ОХРИД
Повеќе Артикли...
Страница 10 од 70
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>