Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

МЕТАМОРФОЗИ

Сабота 25. Февруари 2012 година на репертоарот во
НУ Центар за култура"Григор Прличев"- Охрид
ќе се прикажува театарската претставата:

“МЕТАМОРФОЗИ”

Во режија на Андреј Цветановски,
Во изведба на актерите од Охридскиот народен театар.
Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска.

Митот е како единица мерка за времето на една цивилизација.Митовите како архетипови се појавуваат историјата на човештвото и носат предупредувачки пораки за луѓето од иднината, за да не се повторат истите грешки кои ги направиле нашите претходници. Но што ако боговите не се достојни на своите правила, на својата божественост? Како да се победи досадата од бесмрноста? Дали и боговите сакаат да станат луѓе колку што ние сакаме да станаме богови? се прашањата кои ги отвора оваа античка комедија со постмодерен горчлив вкус...

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ.

Сабота, 25-ти Февруари 2012 г, 20.00 часот, цена на билетот 100 денари
Резервации: 046 261 063,
Е-адреса: contact@centarzakulturaohrid.c om
Картите за претставата се нумерирани.


Share/Save/Bookmark
 

Прличеви Беседи 2012

Повеќе слики...

Share/Save/Bookmark
   

АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА

Новата сезона на охридскиот Народен театар започнува на 11- ти февруари со претставата "Ај да си речиме уште една" со почеток
во 20:00 часот, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.

Оваа претстава наречена селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање, на публиката ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо. Претставата ќе можат да ја гледаат сите гледачи од различна возраст. Оваа претстава, која е авторско дело на Цветановски, зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Тоа се творби на народот, за народот, усно творештво што се пренесува со генерации. Но тоа творештво е подложно на промени и модификации како и секое усно творештво. Прашањето е каква е таа модификација? На каде се движи фантазијата? Која е вистинската приказна зад секоја една од македонските народни песни?

Улоги:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.

Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески,
тон Филип Ангеличин Жура.

Сабота, 11-ти Февруари 2012 г, 20.00 часот, Цена на билетот 100 денари
Резервации: 046 261 063,
Е-адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Share/Save/Bookmark
   

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2012

Програма, недела 5 февруари

12:45 ИЗЛОЖБА на ликовни дела од Колекцијата
на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
13:00 СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ
Кратка двд проекција според наградената
поема "АКО" од Трајче Кацаров
-"1762 лето" - изведба на хорот при НУ Центар
за култура "Григор Прличев" - Охрид
- Говор на Директорот на НУ Центар за култура
"Григор Прличев"-Охрид, М-р Драгана Боцеска
- ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕМАТА
"АКО"од Трајче Кацаров
носител на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ 2011
БЕСЕДА: Ристо Јачев
- Артистичка изведба на поемата "АКО"
Страшо Милошевски
- Врачување на Повелбата и Наградата за
најдобра поема "Григор Прличев" за 2011 год.
- Свечено обраќање на лауреатот Трајче Кацаров
- Објавување Конкурс за најдобра поема
"Григор Прличев" за 2012 година
-Сплет од охридски староградски песни во
изведба на Ансамбл"Биљана" - Охрид

Место: НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Недела 5 февруари 2012 година, 13.00 часот, Изложбен салон.


Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

 

Share/Save/Bookmark
   

Документарен филм Охридско Богојавление

Вечерва (18.01.2012) во Центарот за култура "Григор Прличев"-Охрид, со почеток во 20.00 часот, охриѓани ќе имаат можност премиерно да го проследат документарниот филм Охридско Богојавление, посветен на празникот Богојавление- Водици, кој воедно ќе го овековечи растот и подемот  на манифестацијата во изминатите десет години постоење.

Времетраењето на документарниот филм е 75 минути, режисерот на филмот е Димче Миновски, влез слободен.

 

Share/Save/Bookmark
   

Страница 77 од 80

<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>