Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

МЕТАМОРФОЗИ

На големо задоволство на сите нас на репертоарот во НУ Центар за култура"Григор Прличев"- Охрид повторно ќе се прикажува театарската претставата “МЕТАМОРФОЗИ” во режија на Андреј Цветановски во изведба на Охридскиот театар, на ден 01 октомври (сабота) од 20:00 часот, цена на билетот 100 денари.
Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

Share/Save/Bookmark
 

23. ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2011

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријатели на фестивалот.

Share/Save/Bookmark
   

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”
Врши упис на нови членови,
Сите заинтересирани љубители на фолклорот можат да се зачленат во просториите на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”- Охрид
од 24. Септември и тоа секоја САБОТА од 11.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

Александар Македонски

Меѓународна културна манифестација "Александар Македонски"
ПРОГРАМА:
19.00 Дефиле на учесниците низ градот и Охридската чаршија
20.00 Промоцијa: Поема за Царот Александар
...од творештвото на Ангелина Мархус
Место: Изложбен салон
21:00 Настап на фолкорните групи:
-ДМКН „Александар Македонски “ Охрид, Македонија
-КУД „Мирче Ацев“ - Прилеп, Македонија
-КУД „Бисер“ - Џилонг, Австралија
Место:Платото пред Центарот за култура.

Share/Save/Bookmark
   

ИКОНИ

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Ве поканува на изложба на:
ИКОНИ од авторот,
ЗЛАТКО ЛЕЧКОВСКИ
Петок, 17.Јуни 2011 година
Галерија на Центарот, 20.00 часот


Share/Save/Bookmark
   

Страница 75 од 76

<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 Следно > Крај >>