Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Прличеви Беседи 2012

Повеќе слики...

Share/Save/Bookmark
 

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2012

Програма, недела 5 февруари

12:45 ИЗЛОЖБА на ликовни дела од Колекцијата
на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
13:00 СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ
Кратка двд проекција според наградената
поема "АКО" од Трајче Кацаров
-"1762 лето" - изведба на хорот при НУ Центар
за култура "Григор Прличев" - Охрид
- Говор на Директорот на НУ Центар за култура
"Григор Прличев"-Охрид, М-р Драгана Боцеска
- ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕМАТА
"АКО"од Трајче Кацаров
носител на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ 2011
БЕСЕДА: Ристо Јачев
- Артистичка изведба на поемата "АКО"
Страшо Милошевски
- Врачување на Повелбата и Наградата за
најдобра поема "Григор Прличев" за 2011 год.
- Свечено обраќање на лауреатот Трајче Кацаров
- Објавување Конкурс за најдобра поема
"Григор Прличев" за 2012 година
-Сплет од охридски староградски песни во
изведба на Ансамбл"Биљана" - Охрид

Место: НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Недела 5 февруари 2012 година, 13.00 часот, Изложбен салон.


Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

 

Share/Save/Bookmark
   

МЕТАМОРФОЗИ

На големо задоволство на сите нас на репертоарот во НУ Центар за култура"Григор Прличев"- Охрид повторно ќе се прикажува театарската претставата “МЕТАМОРФОЗИ” во режија на Андреј Цветановски во изведба на Охридскиот театар, на ден 01 октомври (сабота) од 20:00 часот, цена на билетот 100 денари.
Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

Share/Save/Bookmark
   

23. ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2011

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријатели на фестивалот.

Share/Save/Bookmark
   

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”
Врши упис на нови членови,
Сите заинтересирани љубители на фолклорот можат да се зачленат во просториите на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”- Охрид
од 24. Септември и тоа секоја САБОТА од 11.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 74 од 75

<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 Следно > Крај >>