Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2012

Програма, недела 5 февруари

12:45 ИЗЛОЖБА на ликовни дела од Колекцијата
на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
13:00 СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ
Кратка двд проекција според наградената
поема "АКО" од Трајче Кацаров
-"1762 лето" - изведба на хорот при НУ Центар
за култура "Григор Прличев" - Охрид
- Говор на Директорот на НУ Центар за култура
"Григор Прличев"-Охрид, М-р Драгана Боцеска
- ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕМАТА
"АКО"од Трајче Кацаров
носител на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ 2011
БЕСЕДА: Ристо Јачев
- Артистичка изведба на поемата "АКО"
Страшо Милошевски
- Врачување на Повелбата и Наградата за
најдобра поема "Григор Прличев" за 2011 год.
- Свечено обраќање на лауреатот Трајче Кацаров
- Објавување Конкурс за најдобра поема
"Григор Прличев" за 2012 година
-Сплет од охридски староградски песни во
изведба на Ансамбл"Биљана" - Охрид

Место: НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Недела 5 февруари 2012 година, 13.00 часот, Изложбен салон.


Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

 

Share/Save/Bookmark
 

МЕТАМОРФОЗИ

На големо задоволство на сите нас на репертоарот во НУ Центар за култура"Григор Прличев"- Охрид повторно ќе се прикажува театарската претставата “МЕТАМОРФОЗИ” во режија на Андреј Цветановски во изведба на Охридскиот театар, на ден 01 октомври (сабота) од 20:00 часот, цена на билетот 100 денари.
Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

Share/Save/Bookmark
   

Кабаре Мистериозо

На големо задоволство на сите нас, Ве известуваме дека новоформираниот професионален Охридски театар својата претстава „Кабаре Мистериозо“ во режија на Дејан Дамјановски ќе биде изведена на сцената во малата сала во Центарот за култура, на 24 септември (сабота), со почеток во 20 часот, цена на билетот 150 денари.
Преставата „Кабаре Мистериозо“ изобилува со многу хумор и сатира.

Share/Save/Bookmark
   

23. ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2011

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријатели на фестивалот.

Share/Save/Bookmark
   

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ “БИСЕРИ”
Врши упис на нови членови,
Сите заинтересирани љубители на фолклорот можат да се зачленат во просториите на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”- Охрид
од 24. Септември и тоа секоја САБОТА од 11.00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 71 од 73

<< Почеток < Пред 71 72 73 Следно > Крај >>