„Мобилно 3D кино“ во Охрид
Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.
Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.
За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.
Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!
-“Зошто не го изедов татко ми”- анимираната комедија 3Д СИНХРОНИЗИРАНО НА МАКЕДОНСКИ, 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 17.00 часот, влез 200 денари.
-"Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2Д" кино проекции 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година, почеток 19.00 часот, влез 150 денари.
-"Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3Д" кино проекци 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 21.00 часот, влез 200 денари.
ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ – Франсис Вебер
На репертоар 28-ми (вторник) и 29-ти (среда) Април, почеток 20.00 ч, влез 100 денари, карти во продажба на билетарата!
Гостување на фестивал “Денови на Нушич” во Смедерево - Србија
Охридскиот Народен Театар во САБОТА 18-ти април 2015 ќе гостува на фестивал “Денови на Нушич” во Смедерево - Србија, со хит претставата „Детектор за лаги“ режија Ненад Витанов.
Годинава се одржуваат 32-ри “Денови на Нушич”, фестивалот е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушич кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
http://www.sdkultura.org.rs/kontakt/?lang=en
Маша и Медо
На 19-ти април, Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца доаѓаат во Охрид со нивната ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА!!!
Цената на влезниците е од 150 денари која вклучува подарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.
Влезниците ќе се продаваат на билетарницата на Центарот за култура во Охрид.
Повеќе Артикли...
Страница 64 од 70
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>