„ Деновите на ученичкиот театар“
Во рамките на проектот „ Популаризација на театарот“ , што го реализира општина Охрид во соработка со основните училишта, НУ Центар за култура „ Григор Прличев“ и Охридскиот народен театар, на 27 и 28 мај ќе се одржи манифестацијата „ Деновите на ученичкиот театар“.
На 27 мај ( среда ) , со почеток во 11.00 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, манифестацијата ќе ја отворат учениците од ОУ „ Кочо Рацин“ со изведба на драмскиот текст „ Соживот“ , во режија на наставничката Наташа Неданоска. Во 12.00 часот настапуваат „актерите“ од ОУ „ Живко Чинго“ со современа изведба на драмскиот текст „Бегалака“ , во режија на наставничката Снежана Стојаноска. Во 13.00 часот настапува театарската група од ОУ„Христо Узунов, со изведба на драмскиот текст „Чорбаџи Теодос“, во режија на наставничката Нада Групче.
На 28 мај ( четврток ) на истата сцена, во времето од 11.00 и 12.00 часот, ќе бидат прикажани драмските претстави „ Дилбер Стана“ во изведба на учениците од ОУ „ Братство Единство“, во режија на наставничката Јованка Љаткоска и драмата „Чорбаџи Теодос“, во изведба на учениците од ОУ „Григор Прличев“ , во режија на наставничката Маја Гугоска.
Овој проект за прв пат се реализира оваа година и ќе има ревијален, а не натпреварувачки карактер. Целта на овој проект е да се негува мајчиниот јазик, да се приближи театарската уметност до најмладата публика и притоа театарот да стане подостапен за секоја возраст.
„Мобилно 3D кино“ во Охрид
Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид поради зголемениот интерес организира втора дигитална 3D филмска проекција. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D филмски остварувања.
За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.
-"Дома" кино проекции 16-ти мај 2015 година почеток 17.00 часот, влез 200 денари.
-"Лудиот Макс" кино проекции 16-ти мај 2015 година, почеток 19.00 часот, влез 200 денари.
-"Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3Д" кино проекци 16-ти мај 2015 година почеток 21.15 часот, влез 200 денари.
Повеќе Артикли...
Страница 63 од 70
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>