Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

„Последниот Македонец – патот до истребување“

„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски претстојниот викенд ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид, САБОТА 31-ви Октомври,со почеток 20.00 часот, влез 100 денари.
Кино проекции во деновите 1-ви, 2-ри и 4-ти Ноември 2015 година со почеток во 20.00 часот.

Во главните улоги ќе имаме можност да ги видиме Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска. Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…Тоа е Последниот Македонец… Оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сè уште во историјата.

Продуцент на „Последниот Македонец – патот до истребување “ е Снежана Лупевска-Созен, додека пак извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.

https://www.youtube.com/watch?v=b7AiR-7blRg

Share/Save/Bookmark
 

Body (I) (2015)

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид,
На кино репертоарот филмот "Тело" во деновите 26-ти и 27-ми Октомври 2015 година

Оригинален наслов: Body (I) (2015)
Година: 2015
Жанр: Драма, трилер
Директори: Дан Берк, Роберт Олсен
Писатели: Дан Берк, Роберт Олсен
Времетраење : 75 мин

почеток 20.00 часот / влез 100 денари.
повеќе инфо http://www.imdb.com/title/tt3732950/

Share/Save/Bookmark
   

ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ – Франсис Вебер

НУЦК "Григор Прличев"- Охрид  / Народен Театар Охрид
ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ – Франсис Вебер
Играат: Стрезо Стаматовски
Никола Тодороски
Горан Стојаноски
Јасмина Билаловиќ
Филип Кипровски
Елизабета Стефановска
Павел Маслов
Режија: Ирена Стеријовска
Сценографија: Стефан Спировски
Костими: Ана Кркулевска

Петок, 23-ти Октомври 2015 година
20.00 часот / мала сала / влез 150 денари
Карти во продажба на билетарата на Центарот.

Share/Save/Bookmark
   

Гостување на фестивал “Денови на комедија” во Куманово

Народен Театар Охрид во ПЕТОК 16-ти октомври 2015 ќе гостува на фестивал “Денови на комедија” во Куманово, со хит претставата „Детектор за лаги“ режија Ненад Витанов.

Ова е 20-то јубилејно играње на претставата!
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Share/Save/Bookmark
   

Mонодрама

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид,

Ве поканува на монодрама по повод 100 години после
Јане Сандански од Петар Темелковски

Петок, 16-ти Октомври 2015 година
20.00 часот / мала сала / ВЛЕЗ СЛОБОДЕН

Share/Save/Bookmark
   

Страница 60 од 70

<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>