Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

"Малиот принц" детска претстава, среда 19.10.2016

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, ПРЕМИЕРА на детската претстава “Малиот принц” - Сент Егзипери во режија на Ѓорги Ризески, играат Никола Тодороски, Ивица Цонев, Јасмина Билаловиќ, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски, драматуршки соработник Кристина Тодороска Петреска, музички соработник Студио Китрозон, изработка на костими Даниела Мурговска, изработка на цртежи ученици од ОУ Христо Узунов. Премиера во СРЕДА 19.10.2016 година со почеток во 19.30 часот, влез 100 денари.

Share/Save/Bookmark
 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Почитувани,

Согласно член 8 точка (1), (2) и (3) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/06, 86/08, 6/10) секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имателот на информации е должен да обезбеди информирање на јавноста за службеното лице за посредување со информации. Следствено, службеното лице за посредување со информации контактира и дава потребни информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Имајќи ги во предвид посочените нормативни одредби, Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ве известува дека за службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го назначува вработениот Јован Стефаноски, распореден на работно место работно место самостоен референт за административни работи, категорија Г административен службеник – помошно-стручен I ниво. Со цел исполнување на законските обврски на Установата предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе врши посредување, односно ќе контактира и дава потребни информации, како и ќе му помага на барателот на информации за што ќе води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Следствено таксативно ви ги наведуваме податоците за именуваното лице од претходниот пасус.
Име и презиме на службеното лице: Јован Стефаноски
Телефон за контакт: 046- 261-063
Адреса: ул. “Коста Абраш” бр. 35, Охрид
Работно место : самостоен референт за административни работи (Анекс договор на Договорот за работа бр. 04-618/1 од 29. 06. 2016 година и Решение за распоредување на работно место бр. 04-618/2).

Со почит,
НУ Центар за култура “Григор Прличев" - Охрид,
директор, Горан Стојаноски

Share/Save/Bookmark
   

"ПАРЛАМЕНТАРКИ" четврток 20.10.2016 година

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" ЧЕТВРТОК 20.10.2016 година, почеток 20.00 часот, Влез 150 денари.Препорачана возраст: +15

Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.

Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.

ДРАМАТУРГ САШО ДИМОСКИ
СЦЕНОГРАФИЈА ФИЛИП ВИТАНОВ
КОСТИМОГРАФИЈА КАТЕРИНА ЧУКНИЕВА
МУЗИЧКИ СОРАБОТНИК МАРИЈА НЕДАНОВА
ШМИНКА И ФРИЗУРА ДИМЕ БЛАЖЕСКИ
ИНСПИЦИЕНТ ФИЛИП АНГЕЛИЧИН – ЖУРА

Продукција НУЦК Григор Прличев / Народен Театар Охрид
ул. Македонски Просветители 4
тел: 046 261 063
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Share/Save/Bookmark
   

"Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм"

Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура "Григор Прличев" - Охрид, Ве покануваат со Вашиот придружник на отворањето на "Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм"
Свечено отворање на фестивалот е во САБОТА 15.10.2016 година со филмот „Мед во главата“-трагикомедија од Тил Швајгер со почеток во 20,00 часот, потоа следат:
-За една девојка -комедија - драма / 16.10.2016 / 20.00 ч
-Државата против Фриц Бауер - драма / 17.10.2016 / 20.00 ч
-Куќата на крокодилите - детски филм 18.10.2016 / 11.00 ч
-Хердер-помеѓу два света - драма 18.10.2016 / 13.00 ч
-Тура на животот -трагикомедија 18.10.2016 / 20.00 ч

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
Share/Save/Bookmark
   

“БЛАГОРОДНИК” - петок 14.10.2016 година

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, на репертоарот повторно “Благородник”- Молиер, режија Дејана Николовска, ПЕТОК 14.10.2016 година, почеток 20.00 часот, ВЛЕЗ 150 денари, мала сала, карти во продажба на билетарата на Центарот за култура. Играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова

Сценографија: Милена Пантелеева
Костимографија: Милена Пантелеева
Композитор на музика: Оливер Јосифовски
Глас на сонговите: Вера Милошевска
Кореографија: Ана Савиќ
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Драматург: Кристина Тодороска - Петреска

Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Шминка и фризура: Диме Блажески
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Изработка на сценографија: Даниел Андрески, Кире Ангеловски, Ѓоко Китески
Кетеринг: Радмила Николоска

Продукција НУЦК Григор Прличев / Народен Театар Охрид
ул. Македонски Просветители 4
тел: 046 261 063
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Share/Save/Bookmark
   

Страница 53 од 54

<< Почеток < Пред 51 52 53 54 Следно > Крај >>