„Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“
Изложбата е дел од проект кој се однесува на примена на дигиталните содржини во наставата при изучувањето на историјата на Евреите на Балканот од 20-тиот век и холокаустот, кој во Македонија се рализира од 2012 година со подршка од Министерството за образование и наука наРепублика Македонија.
Изложбата за прва пат беше отворена во Скопје на 25 јануари 2018 година во Министерството за надворешни работи, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот.
ЧЕТВРТ СО РОКЕНРОЛ - петок 12.10.2018
Вокално инстументалниот состав Никеја на престојниот концертен настан насловен какао ЧЕТВРТ СО РОКЕНРОЛ, ќе се престават со акустичен перфоманс кој ќе опфати промоција на новите песни кои се поместени на последниот студиски албум ЊУ ФОЛДЕР,како и песни од предходните два албуми на Никеја.Настапот е во времетраење од 90 минути, каде со еден нов аранжерски пристап во акустична верзија ќе бидат преставени песните во својата изворна форма.Влезот за посетителите е слободен.Почетокот е закажан за 20.00 часот на 12 октомври 2018 година, мала сала НУЦК Охрид.
Импровокација С05 Е02 - сабота 13.10.2018
Почитуван гледачу,
Ти пишуваме со надеж дека си добро, и дека некако го издржа целиов месец без Нас. Те молиме не очајувај, во сабота, на 13 ти од 20:00 на Керал сцената на Н.Т. Охрид, можеш да примиш нова доза на Импровокација.
Како што знаеш, картите по цена од 200 денари можеш да ги најдеш во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да резервираш на телефонскиот број 075 283 066 (од 11:00-15:00 часот).
Земи карти и за другарите, брзо ќе снема.
Искрено твои,
Филип Кипровски,
Стрезо Стаматовски,
Никола Тодороски,
Филип Ангеличин Жура и
Никола Јосифоски.