Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Премиера на филмот "СТЕЛА" во НУЦК Охрид

Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.
По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.
Оригинален наслов: СТЕЛА
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2019
Жанр: Драма, Семеен
Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ
Режија: Стојан Вујичиќ
Дистрибутер: Дрим Фектори
Цена на карта 150 денари, почеток 20.00 часот
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.
Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.
Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.
Share/Save/Bookmark
 

РЕПРИЗА на Стендап Шоу РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид

Реприза на најновото стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.
Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

Share/Save/Bookmark
   

„Медена земја“ на кино репертоарот!

Филмот „Медена земја“ повторно ќе се прикажува на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид и тоа во деновите 19-ти, 20-ти и 21-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, карта 150 денари.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
Цена на карта 150 денари, почеток 20.00 часот
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!


Share/Save/Bookmark
   

Комично шоу "Драпај си Корона"

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со театар "Солза и Смеа" од Битола Ве покануваат на комично шоу "Драпај си Корона" во петок 16-ти октомври 2020 година, со две претстави во 18.00 часот и 20.00 часот во големата сала на НУЦК Охрид, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

Картите по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба на денот на изведбата на билетарата при НУЦК "Григор Прличев"-Охрид.


Share/Save/Bookmark
   

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2020 ГОДИНА

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува:

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА
”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2020 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 9-ти ноември 2020 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.  
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2020 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.   

За дополнителни информации:
Тел. 046/ 261 - 063
Е-адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Директор,Горан Симоноски

Share/Save/Bookmark
   

Страница 1 од 68

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>