Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
„ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ (The Prince’s Voyage)

„ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ (The Prince’s Voyage)

Филмскиот репертоар го започнуваме со детскиот филм „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ кино проекции во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
KРАТКА СОДРЖИНА
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови.
Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна.
Година: 2019
Режија: Жан-Франсоа Лагиони и Ксавие Пикар
Времетраење: 77 мин
Земја: Франција, Луксембург
Жанр: Анимација
Дистрибутер:Узенгија Дооел
Возрасна Категорија: 8+
Линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt9144838/?ref_=nv_sr_srsg_5
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Share/Save/Bookmark