Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Изложба „Денови на македонска фотографија“

Изложба „Денови на македонска фотографија“

НУ Центар за култура „Григор Прличев"-Охрид во соработка со„Фото сојуз на Македонија“ Ве покануваат на ИЗЛОЖБА. „Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, таа претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р. Македонија. Оваа година, по пет години повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде на 29- ти мај сабота во НУ центар за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон. Изложбата ќе трае до 10 -ти јуни 2021 година. Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.


Share/Save/Bookmark