Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Филмот "СТЕЛА" повторно во НУЦК Охрид

Филмот "СТЕЛА" повторно во НУЦК Охрид

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид, во ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 100 денари.
По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.
Оригинален наслов: СТЕЛА
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2019
Жанр: Драма, Семеен
Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески
Режија: Стојан Вујичиќ
Дистрибутер: Дрим Фектори
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.
Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.
Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.
Share/Save/Bookmark