Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Премиера на филмот "ХОМО" во НУЦК Охрид

Премиера на филмот "ХОМО" во НУЦК Охрид

Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти,12- ти и 13-ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.
Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.
Оригинален наслов:    Хомо
Траење на филмот:    91 Минути
Земја / година:    MKD/2020
Жанр:  Драма
Глумци:   Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев
Режија: Игор Иванов - Изи
Дистрибутер: Скопје Филм Студио
Возрасна Категорија:    +16
Цена на карта 150 денари, почеток 19.00 часот
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

„Ова е скопски филм, за нашата генерација и за времето во кое живееме. Проектот е копродукција на пет земји и посебен предизвик е неговата реализација, во која е вклучена голема меѓународна екипа, околу 70 актери и преку 450 статисти. За потенцирање е и возниот парк од 100 возила“, вели продуцентот Томи Салковски.Кинематограферка е Маја Радошевиќ од Србија, монтажата е на Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасески, а костимите на Полонца Валентичиќ од Словенија


Share/Save/Bookmark