Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Изложба „Неправилен ритам“

Изложба „Неправилен ритам“

На 21 септември во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид во 20.00 ч. ќе се одржи патувачка изложба со наслов „Неправилен ритам“ на македонската уметница Билјана Билбилоска.Ќе бидат изложени слики во акрилна техника, работени во последните две години.

“Тематски, изложбата преку боите води дијалог со музиката. Преку аналогијата на овие две нешта, ги сместува боите и звуците во една иста рамка и на иста фреквенција. Музиката е надоврзување на сликите, своевидна екстензија, дел од просторот, иако временски несместлива во три просторни димензии. Ритамот како ликовен елемент варира од праволиниски и правилен до непостојан и непредвидлив, дисперзиран конкавно, со тенденција да ги надмине физичките рамки на платното и да ја продолжи својата приказна надвор“, вели авторката.

Таа дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Досега имала четири самостојни изложби, како и голем број групни претставувања во земјава, Србија, Турција, Романија, Полска и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм.

Share/Save/Bookmark