„Медена земја“ на кино репертоарот!
„Медена земја“ филмот номиниран за Оскар во две категории повторно ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев" - Охрид во деновите 29-ти, 30-ти Јануари и 8-ми февруари 2020 година со почеток во 20.00 часот!
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!
Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам...
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
Цена на карта 100 денари, почеток 20.00 часот.