Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Песноден e прв детски мјузикл од авторската екипа на 5+ Фамилија

Песноден e прв детски мјузикл од авторската екипа на 5+ Фамилија

"Песноден" на редовниот кино репертоар во Центарот за култура на 04.12.2019 година, почеток 20.00 ч. влез 100 денари. Песноден e прв детски мјузикл од авторската екипа на 5+ Фамилија.

Песноден е музичка приказна раскажана низ стихови во која се зборува за еден празник - денот на песната, измислен од децата и станарите во стокатницата, а инспириран од нивната потреба да пеат, играат и да се радуваат.

Toa e забавно-едукативна приказна посветена на детските игри, компромисот, и сложното другарување. Уживавме во креативниот процес на продукција и многу сум радосна што наскоро децата ќе ги слушнат новите песни и ќе ги пеат“– вели режисерката и сценаристка Сандра Ѓоргиева.

Идејата и концептот се на продуцентот Пеце Талески, а музички продуцент е Мите Димовски, студио „Тра-ла-ла“. Актерската екипа ѝ е добро позната на детската публика, тоа се нивните омилени: Лина, Петко, Комшо, Марија, Комшито, дедо Менде и тетка Душка, но и нови ликови и нови станари кои се дел од новата сезона на 5+ Фамилија.

Share/Save/Bookmark