Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Поемата „Крале Марко по втор пат“ под шифра „Марко“ добитник на награда Григор Прличев

Поемата „Крале Марко по втор пат“ под шифра „Марко“ добитник на награда Григор Прличев

Жири комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев,  што НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ја доделува за најдобра поема (ракопис)  во 2018 година, во состав: Наташа Аврамовска (претседател), Иван Џепаровски (член) и Валентина Миронска-Христовска (член), на состанокот одржан на 21. декември 2018 г.  ја донесе следната  О Д Л У К А
Со мнозинство гласови беше одлучено за најдобра поема да биде избран ракописот „Крале Марко по втор пат“ поднесен под шифра „Марко“. Издвоениот глас на членот на комисијата Валентина Миронска-Христовска се изјасни во прилог на  поемата „Воскресение на зборот“ (шифра: „Сердарот“). Меѓу другите ракописи, во најтесниот изборен круг беше вброена и поемата „Тесен пат кон далечниот север“ (шира: „Северница“).
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Ракописот под наслов „Марко Крале по втор пат“ (шифра : „Марко“) е експресивен поетски портрет на епскиот легендарен јунак. Лирската димензија на пеењето ја донесува огласувањето во прво лице, односно самоогласувањето на Крале Марко по однос на сопствената амбивалентна природа: „Ѕвер сум, ангел сум/ Две лица крие душава моја“). Експресивноста на овој поетски портрет е возбудлива и  изведена во подражавањето на воинствениот агон, но сега пренесен и на психичко рамниште во себедоживелицата на јунакот, на сопствената двојна природа,  при неговото будење шест стотини години подоцна. Имплицитна претпоставка на пеењето е актуелната општествена  стварност (локална, но и глобална), неподобното време за епско јунаштво, при што лирско-епскиот портрет на Крале Марко е дополнително реализиран на рамиштето на автосубверзијата. Поемата „Марко Крале по втор пат“ е несомнено поетски одговор на општествениот наговор на денешницата, та чинот на неговото поетско портретирање во самоогласувањето,  лирската контаминација на неговата заскитаност при будењето во „погрешно време“ воедно се реализира и како двосмислен акт на уметничко автодафе.

Членови на Жири-комисијата:            
Наташа Аврамовска (претседател)
Иван Џепаровски (член)
Валентина Миронска-Христовска (член)
Share/Save/Bookmark