Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

"Метод" од Жорди Галсеран, режија Ирена Стеријовска

"Метод" од Жорди Галсеран, режија Ирена Стеријовска

Најпоставуваниот современ шпански текст во Регионот, за првпат преведен и поставен во Македонија.
"Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, премиерно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

ПРЕТПРЕМИЕРА - хуманитарно за Сара Настеска
(09.11.2018 петок) 20:00 часот, 200 денари

ПРЕМИЕРА (10.11.2018 сабота) 20:00 часот, 300 денари

Режија: Ирена Стеријовска
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса. - Ирена Стеријовска

Share/Save/Bookmark