Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Do You Have A Suitable Partner- перформанс на Марија Христовска

Do You Have A Suitable Partner- перформанс на Марија Христовска

Архитектот Марија Христовска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираат дел од уметничката инсталација со која учествуваа на музичкиот фестивал Сигет 2017 на Центарот за култура Григор Прличев, Охрид. По тој повод ќе има настан на кој Марија ќе се претстави со свој перформанс, а Ѓорѓе со изложба на слики.
Перформансот Do you have a suitable partner го става на тест партнерството прашувајќи дали на вашиот партнер навистина му одговара вашето заедничко одело.

Инспирација за перформансот:
Ги паметам зборовите на мојот многу почитуван професор архитектот Живко Попоски, автор на овој Центар на културата:
"Викаат: ова е нашата прва кожа, облеката е нашата втора кожа, а архитектурата е нашата трета кожа. Е сега, постои куќа за двајца. Зошто да не постои одело за двајца!"

Костими и кореографија: Марија Христовска.

Настапуваат:
Адам и Ева: Александар Буџакоски и Нина Ѓоршеска
Змија: Мила Коруновска и Марија Христовска
Медијатори: Ивана Вујановиќ и Михаил Талев
влез слободен (галерија), петок 26.10.2018 г. во 20.00 часот

Share/Save/Bookmark