Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
„Железниот светилник“, вторник 12 јуни 2018 г.

„Железниот светилник“, вторник 12 јуни 2018 г.

Претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, ќе се изведе на 12 јуни, во НУ Центар за култура “Глигор Прличев” во Охрид со почеток во 20 часот.
Претставата се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Димитар Талев е дводомен писател кој е исклучително почитуван и се смета за врв на бугарската книжевност и еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци. Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови, туку и во емоциите кои тој умешно ги постила низ редовите.
Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат.
Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.
Нексромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.
Во претставата „Железниот светилник“ учествуваат: Јавор Бахаров (гостин), Владислав Виолинов, Георги Кадурин, Стојко Пеев, Георги Кркеланов, Тигран Торосјан, Иван Налбантов (гостин), Мирослав Пашов, Јордан Алексиев, Гергана Данданова, Антоанета Добрева – Нети, Стефка Јанорова, Нели Монеджикова (гостин), Милен Миланов, Радосвета Василева, Георги Новаков (гостин), Луизабел Николова од Театар на Бугарската Армија во режија на Асен Шопов и драматизација на Христо Христов.

Share/Save/Bookmark