Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

КОНЦЕРТ - ТРИО ЏЕНТЛМЕН, среда 19.04.2017

КОНЦЕРТ - ТРИО ЏЕНТЛМЕН, среда 19.04.2017

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

Македонската класична сцена дефинитивно доби големо освежување со појавата на триото „Џентлмен“ кои се вистинска вокална атракција. По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН, Охриѓани ќе може да уживаат во нивниот музичко вокален перформанс.
Пред повеќе од две години на македонската музичка сцена се промовираше новиот музички состав „Џентлмен“ составен од три врвни профеионални оперски вокала: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор кои иако млади се музички потковани со веќе изграден стил и одредено искуство во водите на класичната музика.
Она што фасцинира е фактот што Македонските оперски „Кавалери“ веќе ги класифицираат како состав од светски рамки кој наскоро ќе може да им парира на веќе докажаните светски реномирани оперски вокали од ваков тип.
На репертоарот на Трио „Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво. Трио „Џентлмен“ постојат повеќе од две години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.
Концертот е закажан во среда 19.04.2017 година во 20.00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Истиот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, влезот е слободен!

Share/Save/Bookmark