Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
SEMANA DE CINE ESPAÑOL НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ

SEMANA DE CINE ESPAÑOL НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ

Амбасада на Шпанија во Р. Македонија
Министерство за култура на Р. Македонија
Кинотека на Македонија
НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Ве покануваат на ревија на Шпански Филмови

SEMANA DE CINE ESPAÑOL НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ

20.07.2015, Lunes, EL MÉTODO / Понеделник, 19.00
За време на Самитот на ММФ и Светската Банка и протести кои го вознемируваат Мадрид, како и други главни градови, големата компанија Декиа прави разговори за вработување на извршен директор од седум кандидати. Сомнежите се раѓаат кога кандидатите мораат да потпишат клаузула за прифаќање на Гронхолм методот, за кој никој нема чуено. Набрзо станува јасно дека тестовите се валкани игри со мозокот, но не знаат со сигурност што е вистина а што лага. Меѓу нив има и „крт„ од Човечки Ресурси...
Режија: Марсело Пињеиро
Улоги: Пабло Ечари, Ернесто Алтерио, Едуард Фернандез, Најва Нимри...

21.07.2015, Martes, EL PERRO DEL HORTELANO / Вторник, КУЧЕТО НА ГРАДИНАРОТ / 21.00
Дијана, грофицата од Белфлор, е остроумна, импулсивна и паметна девојка. Вљубена е во својот секретар, Теодоро, но дознава дека тој веќе е свршен со Марсела. Водена од љубов и љубомора, ќе стори се за да ги раздели љубовниците...
Режија: Пилар Миро
Улоги: Ема Суарез, Кармело Гомез, Ана Дуато...

22.07.2015, Miércoles, UNA PISTOLA EN CADA MANO,
Среда, ЕДЕН ПИШТОЛ ВО СЕКОЈА РАКА / 21.00
Драмска комедија која се врти околу осум мажи, сите во своите четириесетти и сите со криза на идентитет.
Режија: Сеск Гај
Улоги: Хавиер Камара, Рикардо Дарин, Едуард Фернандез

23.07.2015, Jueves, TESIS, Четврток, ТЕЗА / 21.00
Додека ја работи тезата за насилство, Ангела наидува на интригирачко видео во кое една девојка е измачувана до смрт. Набрзо открива дека истата девојка е поранешна студентка од нејзиниот факултет...
Режија: Алехандро Аменабар
Улоги: Ана Торент, Феле Мартинез, Едуардо Нориега

24.07.2015, Viernes, EL ABUELO, Петок, ДЕДОТО / 21.00
По смртта на синот старецот се враќа од Америка дома во Шпанија и се надева дека ќе открие која од двете внуки е вистинската, а која е плод на вонбрачна врска.
Режија: Хосе Луис Гарси
Улоги: Фернандо Фернан Гомез, Рафаел Алонсо, Кајетана Гилјен

25.07.2015, Sábado, MIENTRAS DUERMES, Сабота,
ДОДЕКА СПИЕШ / 21.00
Ден за ден се будите во удобноста и безбедноста на вашиот дом. Но, колку е навистина безбедно?
Режија: Хауме Балагеро
Улоги: Луис Тосар, Марта Етура, Алберто Сан Хуан

26.07.2015, Domingo, CELDA 211 / Недела, Ќелија 211 / 21.00
Приказна за двајца луѓе на различни страни во затворски бунт-затвореникот водач на побуната и младиот чувар заробен во превирањето, кој се преправа во затвореник во очајничкиот обид да го преживее немирот.
Режисер: Даниел Монзон
Улоги: Луис Тосар, Алберто Аман, Антонио Ресинес

Share/Save/Bookmark