Бисери
АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ "БИСЕРИ"
Во периодот на подемот на културата како развојна гордост на Охрид- најголемиот туристички и втор културен центар на Македонија формиран е Анасмблот за народни песни и игри "БИСЕРИ" при НУ Центар за култура "Григор Прличев'' - Охрид.
Блескав почеток во 1975 година и достоен амбасадор на македонската култура во светот.
Бројни музички и фолклорни таленти и репрезентативни состави што донесоа признанија и награди од мноштво светски фестивали: Катвајк-Холандија, Закопане-Полска, Прага-Чешка, Агриџенто-Италија,
Мартиник - Франција, Берлин - Германија, Јалова, Гебзе, Ескишехир и Истанбул - Турција, Поградец и Пермет- Албанија, Бургас- Бугарија, Загреб-Хрватска, Белград-Србија и многу други.
Богата и мошне колоритна традиционална народна носија со импресивни везови и оригинални инструменти за сите специфични регионални игри и единствена племенита цел - да се зачуваат и негуваат ретките вредни примероци од македонската фолклорна ризница. Две децении фестивалски ансамбл на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид.
Водарки, Песни и ора од Егејска Македонија, Калајџиско, Тресеница, Шопска петорка, Повардарие, Источна Македонија и Сплет изворни игри од охридскиот регион.
Уметнички раководител Маја 071-391-086
Е -адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите